СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нова марка автомобили од Полска

После долго време, Полска повторно ќе добие сопствена марка автомобили.

Проектот стартуван пред четири години започна да се остварува – за неколку недели јавноста ќе ги дознае името и логото на новата марка автомобили која доаѓа од Полска.

Како и што може да претпоставите, тие ќе бидат електрични.

Но она што не може да го претпоставите е дека зад проектот стојат четири големи полски енергетски компании, главно во сопственост на државата.

Идејата е да се искористи експанзијата на електромобилноста во светот и сопствената позиција што Полска ќе ја има во тоа.

Во оваа земја веќе постојат сериозни капацитети за производство на возила и компоненти на повеќе светски фирми – Opel, Fiat, Volkswagen, но и на LG Chem каде се произведуваат батерии за електричните возила.

Со таква база, сосема е јасна амбициозноста на Полјаците кои како дизајнери ги ангажираа италијанскиот Torino Design и Полјакот Тадеуш Јелец, кој работеше во Jaguar.

Развојот на првите два модела – хечбек и SUV, веќе се финализира. Ќе следи подготовката за сериското производство, планирано за 2023 година.

За тоа ќе се изгради нова фабрика, чија локација сé уште не е позната. Планирано е годишно да се произведуваат по 100.000 возила.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот