СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Совети

Ниските температури се проблематични за дизелите

 

Зошто на пониски температури возилата со дизел мотори имаат поголеми проблеми отколку бензинците?

Најголем дел од возачите сметаат дека на температури под нулата дизел горивото замрзнува, што и е, и не е точно. Точно е дека процесот што се случува практично е еден вид замрзнување на горивото, но тоа не е такво како што го знаеме бидејќи не се работи за замрзнување на вода.

Имено, дизелот содржи парафин кој помага за подобро согорување на горивото и подмачкување на моторот.

Кога температурите драстично ќе паднат, парафинот започнува да создава кристали, заради што се вели дека горивото парафинизирало.

Тие кристали најчесто прво се наталожуваат на водовите на горивото на излезот од резервоарот, кои воедно се и најизложени на ниските температури, спречувајќи го тоа воопшто да тргне кон моторот.

А ако пак тргне, тогаш ќе се соберат во филтерот за гориво, заради што моторот ќе нема гориво за воопшто да стартува.

И тоа е добро, бидејќи ако кристалите на парафинот го продолжат патот кон прецизните делови на системот за вбризгување кој работи под висок притисок, штетите можат да бидат огромни.

Возачите своевремено овој проблем го решаваа со додавање мала количина бензин, но токму заради прецизната технологија тоа денес не е препорачливо.

Единствен начин без опасност по моторот да се спречи парафинизацијата на дизелот е додавањето адитиви, што дистрибутерите на деривати го прават.

Посериозните меѓу нив дури испорачуваат и горива со разни количини адитиви – со повеќе во местата каде температурите се пониски (Лазарополе, на пример), а помалку каде не се толку (Гевгелија).

Овие адитиви не се додаваат во потоплите месеци, заради што ако во резервоарот имате преостанато гориво наполнето одамна, ризикот тоа да парафинизира е поголем.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Совети