СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Не е за секого електронско тргување

 

Еден Германец случајно си го продал автомобилот за само 1 евро.

Сакајќи да ја добие највисоката можна цена и да ја заштеди провизијата на продавачите на користени возила, еден Германец се одлучил да го продаде својот автомобил од марката BMW преку eBay.

Но нешто разбрал нешто не, едно кликнал друго не и во полето за цена внел 1 евро. Се разбира, веднаш се нашол некој што ја прифатил понудата и си купил BMW вреден околу 12.000 евра за цената што била побарана.

Продавачот тогаш сфатил каква скапа грешка направил и во обид да си ги поврати достоинството и инвестицијата, поднел тужба.

На негова среќа, судот во Франкфурт ги уважил неговите аргументи и ја прогласил зделката направена преку eBay за неважечка. Новопечениот сопственик на евтиното BMW не се жалел на одлуката.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV