СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Најскапиот руски автомобил распродаден за неколку дена [видео]

 

Само неколку дена требаше да поминат откако продажбата на Aurus Senat официјално започна, за тој да биде распродаден.

Иако претставен уште пред три ипол години, производството на најскапиот руски автомобил на сите времиња започна во јуни годинава.

Неговата продажба, пак, официјално стартуваше пред некој ден, колку и време требаше целокупната годишна количина да биде распродадена.

Таа и не е така голема – производството на Aurus Senat е планирано на 350 примероци годишно, но сепак изненадува реакцијата на купувачите.

Не толку бидејќи се работи за автомобил со цена од 290 илјади евра, туку повеќе заради тоа што во целост е руски производ.

А тоа во општеството каде статусен симбол е сé она што од странство е донесено, навистина за Русија е пријатно изненадување.

Aurus Senat во нормалната изведба која засега е единствена која се продава е долг 5,6 метри и има 4,4 литарски хибриден V8 мотор со 600 KS.

Тие се доволни оваа лимузина тешка 2,8 тони да ја забрзаат до 100 километри на час за 4,7 секунди и дотераат до ограничените 250 km/h.

Кому ова му е недоволно, ќе почека уште малку додека V12 изведбата со 860 KS не биде подготвена за пазарно деби.

Можеби треба да споменеме дека при првото појавување на Aurus Senat во 2018-тата беше најавено дека тој ќе чини 120.000 евра.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот