СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Наскоро и Hyundai Bayon

 

Во ноември, со едно скромно соопштение, Hyundai најави нов кросовер за Европа наречен Bayon.

Во напливот на тогашни вести некако го изигнориравме ова, не сфаќајќи ја поентата што Корејците сакаа да ни ја пласираат.

Рака на срце, ниту сега докрај не сме сигурни дека вистински ја примивме нивната порака, посебно затоа што кросовер гамата во Европа им е колку-толку добро пополнета.

Ама како и да е, Bayon веќе е подготвен за освојување на нови купувачи, што ќе започне да го прави уште пред крајот на првата половина годинава.

За него можеме да кажеме дека како важен додаток на гамата на Hyundai ќе биде позициониран како влезен модел од Б-сегментот.

Корејците во него гледаат извонредна прилика за уште подобро да ја покријат сé поголемата побарувачка на европските купувачи за вакви возила.

Заради тоа името што ќе го носи го доби од истоимениот француски град на југозападот од земјата, со што треба да испрати порака дека првенствено е европски производ.

Со што ќе го докажува тоа ќе дознаеме во периодот што следи, но сепак засега можеме да бидеме скоро сигурни дека ќе ја има платформата на i20.

Тоа значи дека во понуда меѓу другите треба да биде и интересниот еднолитарски трицилиндричен турбо бензинец со 120 KS.

Во моментов сепак би се воздржале од било какви прогнози и предвидувања, затоа што Корејците по обичај не ни даваат многу основа на кои и ги базирале.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV