Актуелен Миг
Музичката и автомобилската легена славата заеднички јубилеј – 50 години постоење
-
-
од
Autoinfo.mk

Влатко Стефановски музичката кариера ја започнува во 1975-тата, истата година на пазарот беше лансирана Серија 3 на BMW.
За кариерата на нашиот музички великан, Влатко Стефановски нема епитет кој веќе не е изречен.
Тој е легенда која ќе биде со златни букви запишана во аналите, не само на домашната туку и на светската музика.
Бројните дела ќе останат да сведочат за едно музичко патешествие кое трае веќе половина век – ѕвездата сеуште сјае со несмален интензите – а посакуваме да трае барем уште толку.
BMW Serie 3 е создадена исто така во таа прекрасна и плодна 1975 година. Тогаш за прв пат, под кодно име E21, на пазарот се појавува BMW Serie 3. Како наследник на легендарните 1602 и 2002, одговорноста за сериски спортски лимузини ја преземе новосоздадената Серија 3.
И што мислите, дали има поприродна комбинација отколку соработката на две така успешни кариери, едната музичка а другата автомобилска.
Се разбира, говориме за спој на две легенди кои продолжуваат да дишат со полни креативни гради.
Под мотото: „50 години, две легенди“, во одличен амбиент, беше претставена искрената и симболична приказна за едно старо пријателство што продолжува да се одвива со нова енергија.
Две различни, но длабоко слични патувања – едното на сцената, другото на патиштата – повторно се сретнуваат, заеднички славејќи половина век посветеност, автентичност и бескомпромисен квалитет.
Соработка помеѓу легендите
Во 2019 година, Влатко создаде автентично звучно лого инспирирано од BMW Серија 3, а денес, неколку години подоцна, оваа уметничка поврзаност добива нова форма – BMW Серија 3 Touring станува негов секојдневен придружник на претстојните патувања низ светот.
Во своето обраќање, Стефановски ја сподели својата лична приказна за поврзаноста со BMW, искуството со М Кар и важноста на квалитетниот автомобил во животот на еден музичар.
„Во 2018 година, за првпат земав BMW и од тој момент почна нашата соработка со М Кар. Искрено, се заинтересирав не само за автомобилите, туку и за целата компанија и луѓето што работат таму. Оттогаш, па сѐдо денес – навистина немам никаква забелешка, ни на автомобилите, ни на односот, ни на поддршката што ја добивам.
Од друга страна Генералниот директор на „BMW М Кар Македонија“, Марко Јовановски, ја нагласи симболиката на заедничката соработка со Влатко Стефановски и значењето на јубилејните приказни што се спојуваат во една целина.
„Нашето старо пријателство со Влатко денес добива ново поглавје. Цениме дека 50 години од музичката кариера на гитарскиот виртуоз и 50 години од најуспешната BMW Серија 3 заслужуваат заедничка приказна.
Овие јубилеи се основа за потсетување на едно емотивно патување низ пет децении – и на сцената, и зад управувачот. Патување што покажува дека квалитетот, страста и посветеноста се вредности што траат – и во автомобилската индустрија, и во музиката.
BMW Serie 3
Премиерната Серија 3 (Е21) имаше многу деликатна задача во редефинирање на новиот пристап во градењето на автомобили со спортски дух наменети за динамични возачи.
Новиот пристап бараше и нов дизајнерски израз. Таа сложена задача врз себе ја презема францускиот дизајнер (со претходно искуство во Mercedes), Пол Брак (Paul Bracq).
Иако се смета за главен креатор на дизајнот, кој потоа ќе стане столб на продажбата на Баварскиот премиум бренд, Пол Брак го напушта дизајнерското кормило на проектот Е21 во 1974 година, односно непосредно пред службеното појавување на BMW Serie 3.
За успехот на кој беше предодредена Серија 3 речито говорат бројките: од седумте поколенија ,на светските пазари се пласирани над 16 милиони примероци, со што овој модел е неприкосновен рекордер во богатото семејство на BMW.
Бројната моторна ергела заедно со варијациите на каросериски изведби (двовратна, четиривратна, караванска, кабриолет) заедно со можноста за избор на погонот на задната или на двете оски, односно сите нивни комбинации, го гарантираат понатамошниот успешен пат по кој вози најомилениот Баварски модел.

Интересно
-
EV
/ пред 3 неделиTOGG T10F: електрика по турски терк
Компанијата со седиште во Гебзе, (провинција, Коџаели) го прикажа својот втор електричен модел...
Од Autoinfo.mk -
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиМузичката и автомобилската легена славата заеднички јубилеј – 50 години постоење
Влатко Стефановски музичката кариера ја започнува во 1975-тата, истата година на пазарот беше...
Од Autoinfo.mk -
Мотоцикли
/ пред 4 неделиHonda E-VO: прв електричен двоточкаш на Honda
Најголемиот светски производител на мотоцикли, во Кина го претстави својот прв електричен мотоцикли,...
Од Autoinfo.mk