СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Техника

Мал мотор на водород кој тежи само 10 kg се нуди како замена за скапите водородни ќелии

 

Класичните мотори со внатрешно согорување се под жесток притисок на вискоте еколошки стандарди. Водородот кој ги заменува нафтените деривати може да биде успешна замена.

Aquarius Engines со седиште во Израел претстави нов водороден мотор за кој вели дека може да биде одлична замена за фосилните горива и водородните горивни ќелии – објаснуваат од компанијата.

Машината, која тежи само 10 kg, е линеарен мотор со еден клип, кој работи исклучиво на водород.

Бидејќи вкупно има 20 компоненти и само еден подвижен дел, моторот е многу поевтин за производство и одржување од традиционалните мотори.

Од Aquarius Engines досега објавуваат само мал број информации во однос на спецификациите за нивниот нов мотор.

Одговорните, исто така, истакнуваат дека „лесниот дизајн на Aquarius Hydrogen Engine и уникатниот метод за внатрешна размена на гасови, ќе ги елеминира штетните емисии со што ќе го намали и глобалниот јаглероден отпечаток“.

Новиот водороден мотор успешно го поминал тестот на австриската инженерска фирма AVL-Schrick, што покажува дека моторот навистина работи само на водород.

„Од првичните тестови се чини дека нашиот водороден мотор, кој не бара скапи водородни горивни ќелии, може да биде прифатлив, зелен и одржлив одговор на предизвиците со кои се соочува глобалниот транспорт и производството на енергија во иднина“, изјави првиот човек на компанијата, Фридман.

Главната предност на новиот водороден мотор на Aquarius, со само еден подвижен дел, е фактот дека е многу поевтин од водородните горивни ќелии. Компанијата додава дека на машината не и треба ни подмачкување за одржување.

Гледано компаративно, во двата случаи говориме за водород кој треба да се складира како енергенс, но кај водородните ќелии тој е употреблив само кога е оладен на екстремно ниска температура (-2500), што кај моторот со внатрешно согорување не е случај.

Како и со многу зелени иницијативи, финансиската стимулација зад водородот ќе игра голема улога и најверојатно ќе одреди дали на крајот ќе возиме автомобили на водород или масовноста ќе оди на конто на електриката.

Веќе силно воспоставеното лоби за употреба на батериските електрични автомобили нема лесно да се откаже од стекнатите позиции. Гледано од тој апект, пробивот на водородот како енергенс кој ќе ја движи индустријата кон нулта емисија на штетни гасови, во нјамала рака е дискутабилен.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Техника