СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Луда екологија [видео]

 

Кога брзината повеќе не е во фокусот туку екологијата, човек мора нешто да жртвува за животната средина да добие.

Со таа идеја, тим од тројца млади Американци се зафатија да направат стар примерок од четвртата генерација на Honda Civic да биде најеколошки што е можно.

За реализација на нивната луда креација беше потребно да се извади моторот, додека менувачот остана и преку ремен со него е поврзана задната оска од тандем велосипед поставен на посебен држач.

Бидејќи не станува збор за тоа колку „коњски” сили има оваа најеколошка Honda на светот, максималната брзина што е постигната (во петти степен на пренос) изнесува две милји на час, а потрошувачката, изразена во хамбургери и хот-догови, не е специфицирана.

И за крај – за ова чудо со, ех, пет тркала, не е потреба никаква хомологација или пак регистрација, ниту пак возачка дозвола, бидејќи, како што му објаснија на полицаецот кој очигледно збунет не знаеше што да прави со нив, во суштина се работи за еден навистина голем велосипед!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно