Renault го претстави својот стратешки план за наредните пет години, кој ќе треба да ја прилагоди трансформацијата на марката кон новите промени на автомобилскиот пазар.
Сеопфатен и сосема различен од оној на Карлос Гон, тој внесува нова современост во работењето на Renault, позиционирајќи го како технолошки напредна компанија.
Основата за тоа ќе биде чистата енергија, односно струјата, на која на помош ѝ се повикани клучните моменти од историјата на производителот.
Можеби нема сите да се согласиме дека тој е најбитниот, но еден од нив секако е Renault 5 кој одигра значајна улога во комплетирањето на сликата што сега ја имаме за овој производител.
Затоа и нему му е доделено централното место во срцето на марката кое веќе 120 години создава амбиции со намера да ги претвори во своја голема предност.
Некогаш тие беа помалку успешни, но со поддршката на новиот бран и веќе стекнатата стручност во електричната мобилност лесно ќе го задржат на предводничката позиција која Renault во Европа на ова поле ја има цело десетлетие.
А неа треба да ја промовира токму идниот Renault 5, кој со својот ретро-футуристички пристап го најавува прилагодувањето кон новите промени.
Дека со својата стручна и иновативна модернизација на историјата ќе биде конкурентен не се сомневаме бидејќи визијата што уште сега ја создава околу него е моќна.
Иако дизајнерски силно свртен кој своето минато, тој всушност ја промовира иднината која електричната мобилност треба да ја направи привлечна.
Конкурентноста му лежи во технологиите кои вклучуваат и вештачка интелигенција, чии вредности купувачите ќе ги дознаат дури откако неговиот изглед ќе ги привлече за да го купат.
Тие ќе дознаат и уште едно – дека една од заложбите на марката со новиот стратешки план е генерирањето на повисока вредност на возилата преку нивниот подолг животен век, што е посебна болка за електричните автомобили и нивните погонски системи.
Техниката на која ќе биде базиран Renault 5 ќе биде помалата од двете нови платформи наменети за електричните возила, кои заедно треба да вдомат нови седум чисто електрични возила.
Исто толку се испланирани и нови модели со конвенционали или хибридни погонски системи, кои својата пазарна сила ќе ја имаат во душата на марката чиј амблем носат.
Патем кажано, и тој сега е изменет. Како, погледнете ја фотографијата лево и видеото.