СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

И официјално – Женева се враќа

 

Убави вести со горчлив вкус пристигнуваат од Швајцарија – потврдено е одржувањето на салонот на автомобилите Женева 2022, но со одредени услови.

Под мотото „Забрзајте кон иднината“ тој ќе го најде своето место во агендите на сите кои гравитираат кон автомобилите од 19 до 27 февруари идната година.

Организаторите ветуваат ревидиран концепт кој ќе ги искомбинира физичкото и виртуелното доживување во еден покомпактен и повлијателен формат.

Но оваа убава вест после двегодишното апстинирање на салонот има и горчлив вкус – тој повеќе нема да биде онаа сјајна манифестација каква ја познававме.

Помрачувањето на ерата на големите салони дополнително ја замати корона-цунамито заради кое властите поставија сериозни ограничувања.

Како резултат на тоа, потврдено е присуството на само 60-тина изложувачи, на кои ќе им биде ставен на располагање простор од 30.000 квадратни метри.

Додатно, ограничен е и бројот на посетители кои ќе можат да продефилираат низ халите на Палекспо на максимално 30.000 луѓе дневно.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот