СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Змии ја запреа изградбата на германската фабрика на Tesla

Екологистите уште од самиот почеток предупредуваа, а Елон Маск вети дека ќе ја заштити природата, но таа не чекаше тој да го стори тоа и ги покажа своите „заби“.

Со одлука на судот, запреа градежните активности на изградбата на гигафабриката на Tesla во близината на Берлин.

Барањето го поднесоа активистите за заштита на природата кои во него наведоа дека расчистувањето на шумата ги загрозува змиите.

Луѓето не се загрозени од нив бидејќи тие во овој дел од годината хибернираат, заради што и не можат да избегаат пред налетот на механизацијата.

Одлуката за запирање на градежните активности се однесува на расчистувањето на нови 82,8 хектари шума потребни за нормално функционирање на фабриката.

Пред една недела дозвола за тоа даде германската државна канцеларија за околината, на што веднаш реагираа еколошките здруженија.

Одлуката на судот засега е само привремена.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV