СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Зголемување на царините, кинезите имаат свој одговор

 

САД, Канада, ЕУ и Турција воведоа високи царини за кинеските електрифицирани возила. Противмерките се веќе подготвени.

Кинезите отидоа предалеку со технологијата на електрифицирани возила.

Нивните плагин хибриди како и возилата само на електричен погон се напредни и ценовно поповолни во однос на производителите од остатокот на светот.

Големите автомобилски нации се почуствуваа загрозени, па мерките за заштита на сопствените пазари беше рефлексни. Натпреварот за воведување на високи увозни царини можеше да започне.

Тоа на краток рок дава најефикасни резултати, а дека истите тие мерки на подолг рок ќе значат јамка околку сопствениот врат, во моментов не е важно.

Зошто? Затоа што наместо вложување во технолошки развој тие се усмерени само кон административни мерки. Од друга страна кинезите имаат сé што им е потребно за производство на електрифицирани возила, од знаење, преку материјални ресурси па сé до големи производствени капацитети.

Царини и забрани

Први реагираа американците покачувајќи ги царинските давачки од 25 на цели 100%. Уште подрастични мерки презеде Канада, забранувајќи го целосно увозот на кинеските електрифицирани возила. Иако нивната автоиндустрија се сведува само на производство на компоненти, пријателите од југот издејствуваа мерка – целосна забрана.

Кон честитките се придружија и членките на Европската Унија, па така постоечките давачки при увоз од 10% ги зголемија за додатни 37,6%, за сега тие мерки се водат само како привремени и ќе важат до ноември.

Покусо не остана ниту Турција која ги подигна давачките на 40%, но таа одлука има своја многу разумна позадина (малку подолу околу таа тема).

Навидум тоа би требало да ги одврати кинезите (пред се BYD) од идејата да завладеат со светските пазари.

Подготвен одговор

Кинезите воопшто не се возбудија околу овие неекономски мерки. Новите мерки, кинескиот министер за надворешни работи ги оцени како штетни за самите држави. Да не заборавиме, сите тие продаваат на огромниот кинески пазар. Ако судиме според реакциите, нивниот одговор е од поодамна подготвен – отварање производни погони.

За почеток, таков погон е веќе во тек на реализација во Унгарија. Првите произведени примероци се очекуваат во 2026/27 година.

Неодамна се најави и голема инвестиција од една милијарда во Турција, а лично премиерите на двете држави учествуваа на чинот на потпишување. Возилата кои ќе излегуваат од овие погони, во ЕУ ќе се продаваат без (или со минимални) царини.

Најголемата инвестиција (1,3 милијарди) на BYD сепак ќе биде во Мароко. Поради постоечките погони на Renault-Nissan алијансата, таа Северноафричка земја има со ЕУ бесцарински режим на размена на производи. Како резервна варијанта стојат и проектите за производство во Шпанија, Франција и Италија.

Ете, тоа е одоговорoт на BYD кој се однесува на членките на ЕУ.

Со купување на погоните на Ford во Мексико, BYD се подготвува за монтажа на возилата и во близина на САД. Погодувате, Мексико и САД исто така имаат бесцарински режим на трговска размена.

Добитници и губитници

Заговарачите на отворени пазари и слободна трговија се сопнаа уште на првиот свиок. Мерките им личат само на одлагање на проблемот кој ќе мора порано или покасно да го погледнат во очи. Уште полошо по нив – лесно преминаа преку основните постулати на либералната економија.

Ако судиме по вестите кои говорат за алокација на средствата од развој на електрични во повторен развој на мотори со внатрешно согорување, тие ја покажуваат вистинската димензија на технолошката депресија. Пред се тука мислиме на германските производители од Volkswagen и Mercedes-Benz. Малку подобро стојат во BMW кои работат паралелно на класични и на EV.

Nokia ефект

Финансиските ксперти од JP Morgan во следните 18 месеци предвидуваат искачување на BYD на третата позиција на најголеми производители. Таму сеуште се Toyota и Volkswagen, но нивната продажба е во надолен пад додека BYD напредува со силно темпо.

Во прилог на таквите прогнози оди и фактот што групата VW e тотално дезориентирана во однос на развојот, додека Toyota планира воведување на нова плагин платформа заснована токму врз технологијата на BYD.

Ако автомобилските гиганти не преземат драматично поразлични позиции од сокривањето зад админстрацијата, прогнозите се дека незибежно ќе се соочат со судбина налик на таа што ја доживеа Nokia.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот