СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

За 10 години цените на батериите за електричните возила намалени 8 пати

 

Општо познато е дека високите цени на батериите за електричните возила е главниот проблем зошто се тие толку скапи.

Истражувањата сепак велат дека движењето на нивните цени е доста поволно, дури и повеќе од очекуваното.

Според анализите тие заради помасовното производство во последните 10 години се намалиле за 8 пати – од 1.110 долари за kWh на сегашните 137.

Дека трендовите ќе продолжат сведочи и цената на големите и не така комплексно пакувани батерии за автобусите чија цена во Кина веќе изнесува околу 100 долари.

Аналитичарите очекуваат дека во наредните неколку години понатамошниот пад ќе доведе до тоа електричните автомобили да се произведуваат со еквивалентни цени на класичните.

Продажните цени сепак ќе им бидат повисоки заради големите трошоци за развој и евентуалното намалување или укинување на сегашните субвенции.

Нивните купувачи сепак ќе бидат во предност бидејќи трошоците за одржување на електричните возила се и за половина помали од оние со мотори со внатрешно согорување.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV