СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

За прв пат во два месеца горивата поевтинеа

 

Да не знаевме, ќе помислевме дека се наближуваат избори – за прв пат во два месеца горивата поевтинуваат.

Бидејќи сé уште е рано за 1 април, ќе мора да ѝ веруваме на државната регулаторна комисија за енергетика која вели дека од полноќ ќе плаќаме поевтино за горивата кај нас, и тоа во просек за цели 1,35 отсто.

До оваа нивна одлука е дојдено со прилагодување на нашите цени со движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа намалување кај бензинот во просек за 1,595% а кај дизелот за 2,875%.

Дополнително, курсот на доларот во претходниот пресметковен период опадна за 0,066%, заради што согласно методологијата за формирање на цените, нафтените деривати кај нас поевтинија за дури 0,50 денари за литар.

Така сега за еуросупер БС-95 и БС-98 ќе плаќаме по 67,00 односно 69,00 денари за литар, додека за еуродизел Д-Е V до другата недела ова време ќе треба да издвојуваме по 56,50 денари за литар.

Пред да започнат горивата да поскапуваат, на крајот на јануари за бензинот 95 плаќавме по 61, а за дизелот по 52 денари за литар.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг