СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Загадување на воздухот – Германија на тапет

 

Правдата е бавна, но пристигнува – европскиот суд на правдата ја осуди Германија за загадувањето на воздухот во периодот 2010 до 2016-тата.

Судиите на ЕУ во Луксембург одлучија дека Германија го прекршила законите на Унијата подржувајќи ја на тој начин тужбата што во 2018 година ја поднесе Европската комисија.

Во нивните заклучоци се наведува дека дозволените вредности на азотните оксиди во наведениот период систематски и континуирано се надминувани во 26 германски града.

Но колку и да звучи страшно, ваквиот развој на настаните и оди на рака на германските власти бидејќи со него полесно ќе се истуркаат забраните за возење дизел автомобили во градовите.

Имено, како што е познато, покрај индустријата и возилата со дизел мотори се големи емитувачи на овие опасни по здравјето гасови.

Фактот дека од 2016 година досега многу работи се сменија на подобро воопшто не е земен предвид.

Според германските федерални власти, вредностите на азотни оксиди во 2016-та во некои случаи значително се надминати во 90 града, а во 2019-тата во 25.

Лани пак, како директна последица на пандемијата, тоа беше случај само во шест германски града, меѓу кои Минхен и Хамбург.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот