СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Електричниот Fiat 500 ќе добие и Abarth варијанта

 

Потполно очекувано, новата генерација на Fiat 500 ќе се појави и во врело Abarth издание.

Со електричниот хечбек треба да се разбие стагнацијата на марката која веќе подолго време нема подготвено ништо ново.

Искрено, немаше ни што, бидејќи ниту самиот Fiat не беше баш плоден во овој период, ама сепак последниот нов модел на Abarth е од 2018-тата.

Затоа и електричниот 500 Abarth, кој како што е потврдено ќе се појави идната година, ќе биде вистинско освежување.

Со него треба да започне и ново поглавје во историјата на спортската марка, чија иднина секако ќе биде електрична.

Покрај перформансите, една од областите која ќе биде облагородена од страна на торинските тјунери ќе биде и звукот.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV