СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Електричниот наследник на Passat најавен за идната година

 

Volkswagen уште лани најави дека лимузинската верзија на Passat која веќе не се произведува, ќе биде заменета со нов електрични модел.

Со работна ознака Aero B, овој модел ќе користи модифицирана MEB платформа со батерии со зголемен капацитет.

Неофицијално, електричниот наследник на Passat ќе има автономија од 600-700 km и можност за полнење со моќност до 200 kW.

Идниот Volkswagen од техничка страна ќе биде сличен на ID.4 но ќе има повеќе простор заради подолгото меѓуоскино растојание.

Германските инженери забрзано го приведуваат при крај развојот на овој модел, што го потврдуваат сé побројните шпионски фотографии.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV