СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Електричната Opel Corsa-e се закити со признанието „Златен управувач“ за 2020-та

 

Новата Opel Corsa  продолжува со победничките патеки и сега ја освои една од најважните награди во германската автомобилска индустрија – „Златниот управувач“ за 2020-та.

Corsa-е заслужено ги победи сериозните ривали и ја понесе првата награда во категоријата мали автомобили. Најпродаваниот мал автомобил во Германија ги електрифицира експертите и читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag како и клиентите.

„Opel е електричен“, вели Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel. „И нашата нова Opel Corsa-e е најдобриот доказ.

Тоа покажува дека електричниот автомобил денес може да биде не само динамичен и практичен, туку и достапен за сите.

Горди сме на начинот на кој Corsa-e ги убедува сите: нашите клиенти, читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag, како и стручното жири и познатите личности“.

Како и обично, победниците мораа да минат две пречки на патот до победата. Прво, читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag ги избраа своите тројца фаворити во секоја категорија за финалето.

Жирито од новинари, тркачки возачи и експерти за автомобили потоа го тестираа секој финалист на тркачката патека ДЕКРА Лаузицринг, користејќи критериуми засновани на методот за тестирање Auto Bild.

Со вкупно 3.221 поен, новата Opel Corsa-e на крај ја победи силната конкуренција во категоријата мали автомобили – Hyundai i20 на второто и VW e-Up на третото место, со предност од 140 односно 430 поени.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV