СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Европа: За две децении, две третини поскапи возила

 

Знаеме дека цените на возилата отидоа до бесвест, ама сепак нé изненадија бројките од европската статистика.

А таа, најкратко кажано што може, вели дека меѓу 2002 и 2020 година цените на возилата во Европа пораснале за точно 63 проценти.

Анализата е направена од страна на Германците, кои како појдовна точка ги имаат земено цените на автомобилите од компактната класа, која е најпродавана на нашиот континент.

Според нив, ваквиот пораст кој никако не одговара на растот на примањата на европските граѓани, се должи исклучиво на технолошката и безбедносна опрема.

И електрификацијата има свој дел, меѓутоа бидејќи анализата е направена заклучно со цените од 2020 година, значи пред сегашниот електричен бум, нејзиното влијание е маргинално.

Дополнително, како потврда дека навистина цените на возилата имаат драстично пораснато, делува фактот што во Б-сегментот е забележано поскапување од просечни 59 проценти.

Ако сепак не веруваме во овие бројки, Jato Dynamics ќе ни каже дека просечната продажна цена на продаден хечбек од Ц-сегментот има пораснато од 18.400 евра во 2002 година на за нас несфатливи речиси 30.000 евра во 2020-тата.

Ако пак ја пресметаме инфлацијата во овој период, тогашните 18.400 ќе вредат 24.760 евра, што сепак е поскапување за 21 процент.

Во некои далечни времиња, …

Нам, како горди граѓани на Западниот Балкан, ни останува само да се чудиме на сите споменати бројки, без разлика на која година се однесуваат.

На жалост на сите нас, во годините што доаѓаат, главно заради електрификацијата, цените на возилата и понатаму ќе раснат, и тоа со поголемо темпо.

Да сме живи и здрави!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот