СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Домашни премиери на MINI Cooper и MINI Countryman

 

На пригоден начин во салонот на домашниот увозник M-Кар, претставени целосно новите изведби на Cooper и Countryman.

Нови, но со изразена еволутивна нота.

Само со тој пристап може да опстои легендата која веќе 65 години ги развеселува возачите.

Творецот на MINI, Сер Алек Исигонис (Sir Alexander Arnold Constantine Issigonis) би бил горд на податокот дека е конструктор на вториот највлијателен автомобил во историјата.

Целосно новите MINI Cooper и МINI Countryman, претставени минатата есен во Минхен сега ја доживуваат својата комерцализација.

Средбата со новата генерација се доживува како средба на стари пријатели. Само што за разлика од пријателите, овие не стареат, туку напротив.

За нив новите технологии значат консумирање на нова доза животен еликсир. Новите стилски шармери доаѓаат во вид на пета генерација на MINI Cooper и како четврто поколение на волуминозниот MINI Countryman.

И кај двата модела технолошкиот напредок е евидентен, исто како и современиот дизајнерски пристап. Кога говориме за технологијата мислиме на најновите достигнувања на матичниот премиум бренд, но кога говориме за дизајнот неодминлив е впечатокот за оригиналноста на MINI.

Новиот пристап, кој можеме да го опишеме како „современ минимализам“, се истакнува со елиминација на сите секударни команди и кулминира со вградување на овален, централно поставен OLED екран, кој освен што изгледа совршено, го краси и врвна функционалност.

Широката механичка основа со која располага матичниот BMW, се огледа во разноликоста на погонската понуда.

Започнувајќи од целосно електричниот погон (за Cooper) со два типа батерии и две различни можности на електромоторот, па се до класичните бензинци и дизелот.

За домашниот пазар веројатно најинтересни ќе бидaт трицилиндерскиот бензинец со 156 КС како и посилната везија со 204 КС. Стартната цена на Cooper започнува од 29.500 евра.

Семејниот, MINI Countryman доаѓа со видно зголемени димензии според кои се сместува во сегментот на компактни SUV возила.

Тој се нуди како MINI Countryman S со погон на предните тркала, MINI Countryman S ALL4 со погон на сите тркала, како и со врвна моторизација (2.0 турбо мотор) од 300 КС кој ќе се препознава според ознаката MINI Countryman JCW ALL4.

За посмирените возачи е наменета верзијата MINI Countryman D, додека за заколнатите екологисти е наменет електричниот Countryman E кој со едно полнење може да се вози до 460 km.

Промотивна понуда за новиот MINI Countryman со дизел мотор започнува од 40.290 евра.

Колку што нам ни е познато, интересот за новите модели е голем, а продажбата е започната уште пред пристигнување на новите модели!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг