СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Директор на Mercedes пребега кај Tesla

Синдикатите на Mercedes во Берлин се решени да протестираат откако дознале дека директорот на тамошната фабрика ја напушта позицијата и оди кај Tesla.

Забрзано регрутирајќи кадри за германската гига-фабрика на Tesla која е во градба, Елон Маск успеа да убеди значајна личност да му се придружи.

Станува збор за Рене Рајф, директорот на фабриката на Mercedes во Берлин која произведува мотори, компоненти, делови за трансмисии и системи за гориво.

Согласно плановите на Daimler за преориентирање кон електрификацијата, оваа фабрика е на списокот за редуцирање на работните задачи и персоналот, кој брои околу 2.500 луѓе.

Затоа и синдикатите сметаат дека со бегството на нејзиниот прв човек ќе се забрза тој процес и се решени да протестираат барајќи од раководството да ја заштити фабриката, сега и во иднина.

Тие настапија дури и милитантно, нарекувајќи го трансферот на 57-годишниот Рајф чин на предавство.

 

 

Тој е еден од најискусните производствени директори на германскиот производител, кој значително помогна да се прошират капацитетите на марката во Кина, каде лани започна да се произведува електричниот EQC.

Tesla одби да коментира дали тој ќе дојде на раководното место на фабриката што се гради на периферијата на Берлин, која треба да започне со работа веќе следниот јули.

Ќе има почетен капацитет за од 150.000 возила годишно и во неа треба да се произведува кросоверот Model Y за европскиот пазар.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот