Opel влетува во новата година со GSi изведбата на Insignia со 230 КС и е прикопчана за 9-степенска трансмисија. Кон убавите желби за успех за приклучуваат и Twinster погонот на четири тркала како и дузина електронски помагала.
Автомобилскиот салон кој традиционално се одржува во европската престолнина, Брисел (од 9. до 19. јануари) помеѓу останатото ги донесе и новитетите од Opel.
Покрај обновувањето на лимузинската (Grand Sport) и караванското (Sports Tourer) изданиjе на Insignia, беше претставена и спортската Insignia GSi која носи мотор од 230 КС.
За веќе докажаниот знаменосец на Opel, знаеме доволно, но сега новите мотори трошат до 18% помалку гориво, факт кој помеѓу останатото, делумно се должи и на деактивирањето на цилиндрите.
Основната линија ја сочинуваат трицилендерските пропулзии од 1.4 бензинецот (145 КС) и 1.5 дизелот (122 КС).

Дволитарскиот дизел ќе биде достапен во втората половина од годинава додека сега се на располагање бензиските мотори со четири цилиндри од 200 односно, во GSi верзијата, со 230 КС.
Посебно е интересна спортската GSi изведба која опциски може да биде оплеменета со 9-степенски автоматик и Twinster погон на сите тркала.
За додатно брусење на перформансите се грижат адаптивното потпирање FlexRide, потоа активната маска на ладилникот како и најновата генерација на прилагодливо осветлување, IntelliLux LED® Pixel.
Присуството на напредните системи за асистенција при возењето беа присутни и во претходната Insignia, со таа разлика што кај редизајнираниот наследник сите тие се додатно развиени па сега некако природно се поставуваат како репери во средната класа.
