СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Корисно е да знаете дека …

 

Од овој месец странците не можат да ја напуштат Хрватска ако имаат неплатено сообраќајни казни.

После краток пробен период, во Хрватска започна да функционира нов систем со кој граничната полиција има увид во неплатените сообраќајни казни.

Со него се евидентираат возилата регистрирани во земја надвор од ЕУ и возачите без престојувалиште во Хрватска кои имаат направено сообраќаен прекршок.

Доколку казната за него не е платена, полицијата нема да дозволи возилото односно возачот да ја напушти земјата додека таа не биде регулирана.

Овој систем е дел од проектот за унапредување и модернизација на работата на сообраќајната полиција со кој е предвидена нејзина дигитализација во поголем обем.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот