СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Дали Ми-Да Гранд Моторс е новиот дистрибутер на Renault, Dacia и Nissan во Македонија?

 

По доста заобиколен пат, до нас денес стигна вест дека нашата Ми-Да Гранд Моторс ќе биде новиот дистрибутер на Renault, Dacia и Nissan во Македонија.

Имено, менаџментот на Renault во склоп на планот Renaulution и ревизијата на својата дистрибуциска мрежа, склопи договор со израелската група Taavura за преземање на компанијата Renault Nissan Adriatic која ги дистрибуира возилата на Renault, Dacia, Nissan и Alpine во Словенија и Хрватска.

Според досегашната организациска шема, и нашиот пазар потпаѓаше под надлежностите на спомената компанија која беше во сопственост на Renault, што автоматски значи дека одговорни и за продажбата во Македонија ќе бидат Израелците.

А тие веќе се присутни кај нас преку компанијата Grand Automotive која е во 95-отстотна нивна сопственост, која пак е сопственик на 75% од Ми-Да Гранд Моторс, сегашниот дистрибутер на Ford и Hyundai за Македонија.

Во недостаток на изворни, домашни информации за зделката, засега не можеме да знаеме дали, како и кога ќе дојде до реорганизација на продажната мрежа на групата Renault во Македонија.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг