СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Горивата ќе поевтинат, но кога?

 

Додека ја пишувавме веста дека горивата ќе поевтинат, тие поскапеа!

Во обид да се контролира нафтениот удар, владата покрена постапка за намалување на цените на горивата.

Според одлуката, се намалува стапката на ДДВ од 18% на 10% за дизелот, бензинот, нафтата за греење, течниот нафтен гас и метанот.

Дополнително, се намалуваат и акцизите за 1, 2 или 4 денари доколку берзанска цена на дериватот е повисока од 800, 1.000 или 1.200 долари за тон.

Со ова, дизелот би бил поевтин за 10,5 а бензинот за 11,5 денари за литар.

Плус на тоа, одложено е воведувањето на еколошката такса за горивата најавена лани, која треба да изнесува 3,5 денари за литар.

Овие промени ќе стапат во сила откако ќе ги одобри собранието, а дотогаш регулаторната комисија ќе ги ускладува цените на горивата секој ден.

А тие веќе се искачија на 93 денари за литар еуросупер БС-95 бензин и 94 денари за литар дизел…

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг