СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Германците бараат да се наплаќа патарина во целата ЕУ

Иако самите (сé уште) не ја наплаќаат, Германците бараат патарина за користење на автопатиштата да се наплаќа во целата Европска Унија.

Своето претседавање со Унијата, Германија сака да го искористи да протне план за задолжителна наплата на патарина во целата ЕУ.

Бидејќи многу ретки се земјите каде тоа сега не прави, на прв поглед ова делува збунувачки.

Но само на прв поглед, бидејќи во Германија сега се вози по автопат бесплатно.

Властите таму се обидоа да воведат систем на патарини, но заради бенефицираниот статус што би го имале домашните возила највисокиот европски суд го стопираше таквиот план.

Германците сега под превезот дека наплаќањето патарина се смета за една од мерките во борбата против климатските промени сакаат да наложат таа да биде задолжителна во целата Европска Унија, а со тоа и во Германија.

Првите реакции од Унијата не одат во прилог на предлогот на Германија.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV