СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Совети

Време на одмори – патувајте подготвени

 

Според убавата традиција, крајот на школската година означува почеток на зголемена мобилност на населението.

На десетина дена пред календарскиот почеток на летото, завршува школската година.

За многумина тоа значи масовна „селидба“ како по останатите градови кај блиските, така и на долго планираните годишни одмори.

Тоа значи дека сообраќајат главно се префрла од поголемите урбани центри на отворените патишта, а потоа и во помалите населени места. Често и надвор од нашите граници.

Како резултат имаме зголемена мобилност и „преселба на народите“ кон локациите поприкладни за надминување на високите температури.

Убава е тоа работа. Патувањето само по себе претставува бозбудливо искуство. За да остане тоа така, добро би било да се потсетиме на некои елементарни предуслови за безбедно пристигнување на одредената дестинација.

Подготовка на возачот

Како и секоја останата активност, и управувањето со возило бара одредена подготовка на возачот. Најчесто поради „објективни околности“ на пат се поаѓа недоволно одморен, па дури и со добра доза на нервоза.

Тоа се лоши сојузници на секој возач. Без разлика на должината на планираниот пат, потрудете се свежи и добро вооружено со трпение да го започнете патувањето.

Без разлика на прогнозите за гужви на одредни пунктови (граници, наплатни станици, работи напатот, попатен метеж,…) никако не тргнувајте во време во кое останатите 364 денови практикувате да одмарате или спиете.

Вашиот биоритам жестоко ќе ви се спротивстави, а тоа воопшто не придонесува за безбедно управување на возилото.

Попатно треба да се консумира лесна храна (без маснотии) и да се пијат доста течности. Никако преладни, туку умерени.

Најпрепорачливи се водата и ладните чаеви. Газираните пијалоци и (пре)слатките овошни сокови нема многу да ви помогнат.

За добрата микро клима, која е основен предуслов за добра атмосфера во возилото, најдобро е клима уредот да биде подесен на максимум 10 степени пониско од надворешната температура.

Поголемите температурни разлики, колку и да ви делуваат попријатно, воопшто не се корисни за вашето здравје. Поготово при излегување од возилото.

Возачот мора да ги наметне овие услови и на останатите патници, така да исполнувањето на поединечните желби треба да се игнорираат. Патниците не мора да држат полна концетрација како што е на тоа должен возачот.

Демократијата при возење „не важи“, возачот мора да ги диктира условите. Добро, не толку строго, поготово ако се работи за неопходните попатни застанувања.

А да се прават паузи е неопходно. Тоа е индивидуално во зависност од навиките на возачот, но горната граница од два ипол до три часа треба да се почитува.

Подготовка на возилото

Со техничката исправност на автомобилот, едноставно, нема компромиси. На пат се трга само со преверено и технички исправно возило.

Повозрасните возачи ќе ви укажат на еден „мал милион“ работи кои треба да се проверат пред тргнување на пат.

Кај современите возила тоа еднаш годишно го прават стручните сервисери. Заедно со коректно извршениот технички преглед при регистрацијата, тоа е доволна гаранцијата дека автомобилот е во добра кондиција.

Ако веќе сакате да се подружите со вашиот миленик пред патување, тогаш дотурете вода во резервоарот за миење на ветробранот, и ова секако, проверете го притисокот на гумите.

Сметајте со фактот дека на пат се трга под поголемо тежинско оптеретување, и затоа пневматиците треба да се напумпаат на горната предвидена граница. За помалку упатените: потребниот пристисок е залепен обично на некоја од внатрешните облоги на каросеријата.

Според досега изложеното испаѓа дека многу поголемо внимание треба да посветите сами на себе отколку на возилото.

Така и треба да биде – технологијата е напредната, а на возачите останува да ги пратат тие промени.

Среќен пат!

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Совети