Со желба да им се излезе в пресрет на купувачите на нови возила решивме да направиме серија посети на нашите салони и да разгледаме што конкретно во мометот се нуди.
>> Додека автомобилските импортери со сите сили се борат да обезбедат контингент возила барани на нашиот пазар, производителите мака мачат за обезбедување на непречено производство.
Во кризнава состојба, предизвикана од пандемијата и недостатокот на одредени компоненти, соочени со ограничувања на понудените модели, секој се снаоѓа на свој специфичен начин.
Искуството не учи дека при реална состојба, каде што на европските пазари недостасуваат возила, навистина треба да се вложат вонредни напори, за така мал пазар како што е нашиот, да се обезбеди колку-толку редовна испорака.
На ден 09.12. во салонот на Volvo затекнавме многи интересна ситуација – полн салон со ралични модели, кои сепак, ги чекаа новите сопственици за да им бидат испорачани.
>> Volvo XC40 Recharge
Влезот на Volvo во светот на SUV моделите со суб-компактни димезнии означи голем пресврт во побарувачката. Големиот интерес за најмалиот SUV на Volvo го потикна производителот да ја збогати моторната понудата, да ја осовремени безбедносната опрема, и конечно, да ја електрифицира целата гама.
Изложениот примерок беше со хибридна, плагин технологија во која соработуваат трицилиндерски 1,5 турбо бензинец со цели 180 КС и електромотор кој придонесува со додатни 82 КС.
Резултатот е поприлично ветувачки – системската силина од 262 КС овозможува забрзување од 7,3 секунди и максимум на брзината (ако не е електронски ограничена на 180 км/ч) од 205 км/ч.
Редовната цена на изложениот модел изнесува 54.200 евра, но кога ќе се израчуна акцискиот попуст продажната цена се спушта на прилично поволните, 45.990 евра.
>> Volvo XC 60
Во 2008 година шведскиот производител одлучи да заплива во SUV водите кои од таа перспектива изгледаа многу ветувачки.
Оптимистичките прогнози беа повеќекратно надминати, Volvo XC60 во светски рамки стана репер за луксузен SUV кој располагаше и со солидни теренски капацитети.
На сцена сега е втората генерација која годинава доживеа естетско-технолошко освежување.
Изложениот модел во салонот беше снабден со mild hybrid технологија во која соработуваат турбо бензиски агрегат од два литра (197 КС) и систем генератор-електромотор кој помага со додатни 14 КС.
Комбинацијата на двата мотори резултира со средна потрошувачка која се движи во границите (според WLTP) помеѓу 5,6 и 5,7 литри нафта.
Импресивната економичност е пропратена со исто такви перформанси: забрзување од 8,3 секунди и максимална брзина (општо ограничување за сите модели на Volvo) од 180 км/ч.
Со акциска цена од 42,500 евра, изложениот Volvo XC60 се наметнува како еден од најповолните премиум SUV модели од средната класа, на пазарот.
>> Volvo XC90
Volvo XC90 на перфектен нашин ги спојува поимите најголем и најлуксузен SUV. Во вкупна должина од 4.953 mm во три реда можат да се сместат 7 патници. И тоа конфорно на секоја седечка позиција.
На пазарот се нуди втората генерација на моделот кој е претставен 2019 година.
Изложениот модел ја носи ознаката „B5“ која означува дека под хаубата е сместен дизел од два литра кој испорачува 235 КС. Електричната подршка возилото ја добива од mild hybrid системoт кој помага со додатни 14 КС.
Стандардната цена на XC90 изнесува 92.200, додатно во неа е вградена опрема вредна уште 11.986 што во конечница дава бројка од 104.186 илјади евра. Со одобрениот акциски попуст, вкупната цена на возилото паѓа на 78.990 европски банкноти.
>> Volvo S60
Класичната лимузина со средна големина на пазарот е присутна уште од 2000-та година, а моментно се нуди третото поколение кое е претставено во 2018 година.
Како што е вообичаено за американскиот пазар (таму и се произведува) Volvo S60 носи бензиски дволитрен турбо мотор кој испорачува 197 КС. Еколошкиот момент се запазува со електрификацијата која доаѓа во облик на mild hybrid-на поддршка од додатни 14 КС.
Системот резултира со извонредна економичност – средната потрошувачка се движи помеѓу 6,4 и 7,5 литри.
Цената на основниот модел изнесува 48.400 а во него додатно е вградена опрема од 6.500 евра. Со одобрената специјална акциска цена, Volvo S60 може да се добие за конечни 47.500 евра.
>> Volvo V90 Cross Country
Во 2020 година Volvo реши да ја продолжи сагата со која се прослави во целиот свет – беше претставен луксузниот караван Volvo V90 кој поради повишената каросерија и интегралниот погон ја носи наставката, Cross Country.
Распостранет на безмалку 5 метри, ги дели истите механички компоненти со големиот SUV, XC90.
Изложениот модел ја носеше ознаката „D5“ што јасно имплицира на дизелски мотор кому му помагаат два турбо полначи. Од два литра работен волумен тој испорачува 235 КС, а за разлика од останатите модели во салонот, тој нема електрична подршка.
Се чини дека таа и не му е потребна затоа што забрзува за 7,5 секунди и лесно постигнува 180 км/ч при што се активира блокаторот на брзина.
Освен проодноста V90 Cross Country нуди багажен простор од минимални 560 литри кој со спуштање на задните седишта достигнува до 1.526 литри.
Цената на основниот модел започнува од 82.600, која со вградените пет пакети на опрема се искачува на 94.165 евра. Кога на оваа цена ќе се пресмета специјалната акциска цена, возилото чини 74.990 евра.
>> Како што не известија одогворните, слободни возила во моментов скоро и да нема.
На порачките се чека четири до пет месеци, во зависност од тоа дали одредениот модел се произведува во Европа, Кина или пак во Америка.
Уште една специфика: ниту еден модел на Volvo не се испорачува ако не е точно специфициран за одреден купувач – тој принцип е напорен за производителот, но за купувачите значи целосна персонализазија која според тој критериум е целосен уникат.
Убавата вест гласи, дека и покрај рекордната годишна продажба, производството тече без поголеми застои.
текст&фото: Агрон Сулејман
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk