СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Во Норвешка електрифицирани 92,4% од новите возила

 

Не дека не очекувавме, ама сепак високиот процент на електрифицираните возила во Норвешка нé изненади.

Според националните податоци за продажбата во август, чисто електричните возила освоија респектабилни 72 отсто од пазарот.

Дополнителни 20,4 отсто отпаѓаат на хибридите и плаг-ин хибридите, со што вкупниот процент електрифицирани возила се искачи на 92,4%.

Она што остана го поделија меѓусебе дизелите (4,6 отсто) и бензинците (3,2 отсто).

Најдобро продаван автомобил во Норвешка во август е Model Y, кој со 1.115 испораки значително води пред ID.4 (861), Model 3 (774), RAV4 (721), ID.3 (649) и Ioniq 5 (631).

Со 2.083 продадени возила Tesla е лидер и меѓу марките, но со драстично помала разлика од VW (2.028), додека зад нив се Audi (1.325), Toyota (1.208) и Ford (1.140).

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV