СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Внимавајте – WC на патот!

Холандска полиција постојано смислува оригинални начини за криење на камерите кои ги ловат брзите возачи.

Претходно беа забележани камери скриени во канти за ѓубре, билборди за огласување или пак авто-приколки, ама најновиот според креативноста ги надминува сите.

Се работи за обичен мобилен тоалет какви има секаде каде нешто се работи на терен, заради што дополнително е замаскиран со сообраќаен знак „работи на патот“.

За камуфлажата да биде комплетна инспекторите кои го поставуваат каде треба го влечат со обично комби и носат портокалови елечиња, исто како и работниците кои навистина работат нешто покрај патот.

Ефектот, нормално, не изостана, но прашањето е што наредно ќе им текне сега откако им е откриена и оваа финта.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот