СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

(ВИДЕО) Камион или термо централа?

Камионот од видео прилог се замислува дека е своеврсен тркачки болид – за волја на вистината така и се однесува.

Кога од перспектива на патнички автомобил ќе наидеме на камион, секогаш ни се создава мала нелагодност. Понекогаш се работи за неоправдано чувство, но има и практични ситуации, како што е на пример разминувањето, кога нашиот автомобил знае да биде под влијание на воздушните струи создадени от големите димензии.

Да не го споменуваме воопшто претекнувањето кое знае да трае „цела вечност“.

Токму претекнувањето на Peterbilt 379 е исклучок од тоа правило – тој тешко се претекнува. Всушност тој е најчесто во ситуација да претекнува, поготово ако е ослободен од товарниот дел. Тогаш на сцена стапуваат неговите 1.300 (со букви: илјада и тристотини) коњски сили кои јасно го истакнуваат своето присуство. Со облаци од црн чад!

Всушност вистинската опасност е ако ве претекне, сигурно неколку секунди ќе возите зад црна димна завеса, што ќе признаете дека воопшто не е пријатно искуство. Инаку, Peterbilt 379 е произведуван од 1987 до 2007 година, и токму поради својот непријателски однос кон природата е пензиониран.

Но тоа не значи дека е тргнат и од патиштата – сеуште има одлично сочувани примероци кои возат ли возат. На ужас на еколгистите!

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно