СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Велика Британија најавува забрана за моторите со внатрешно согорување

Иако од порано се зборуваше за намерите на Велика Британија да ја забрани продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување, најновите вести ги изненадија сите.

Активистите за чиста околина пријатно, авто-индустријата непријатно, а јавноста допрва треба да се одлучи но бргу, бидејќи 2030-та година е преран термин за ваков радикален пресврт.

Токму тој датум кружи низ влијателните и секогаш добро информирани британски медиуми кои тврдат дека премиерот на Британија Борис Џонсон наскоро тоа и официјално ќе го најави.

Деценија порано отколку што досега беше планирано, поместувањето на оваа намера има врска со приближувањето на Велика Британија кон своите цели во борбата против климатските промени.

Како поддршка за тоа, владата ќе ја поттикне продажбата на електричните возила и ќе потроши половина милијарда фунти за изградба на инфраструктура за полнење на нивните батерии.

Од одлуката за забрана за моторите со внатрешно согорување ќе бидат ослободени хибридните автомобили, но само дополнителни пет години – до 2035-тата.

Постои шанса владата да попушти во своите убедувања и место во 2030-та забраната да стигне во 2032-година, што пак нема да им биде по волја на автопроизводителите и нафтените компании.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот