СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Благо освежување за хибридниот Camry

После две години на европскиот пазар, Toyota го освежи актуелниот Camry со благо дотерување.

Естетските измени на хибридната лимузина се сведуваат на рестилизираната маска и модификуваните браници, што според Toyota на Camry му обезбедуваат поголема динамичност и престиж.

Измени има и во внатрешноста, но тие пред сé се околу новиот 9-инчен екран на инфозабавниот систем кој е поставен повисоко за подобра видливост и полесна употреба, заради што и има побрз софтвер.

Нова е и премиум кожата на седиштата, а листата на функционалности на Toyota Safety Sense системите за асистенции е проширена.

Хибридниот погонски систем останува и понатаму комбинација на 2,5 литарски бензинец и електромотор со вкупно 218 KS и e-CVT менувач со опција за мануелно бирање на преносот.

Фабриката наведува дека Camry со него забрзува до 100 km/h за 8,3 секунди, дека просечно троши 4,3 l/100 km и емитува 98 грама на километар CO₂.

Продажбата на обновената хибридната лимузина на Toyota на европскиот пазар официјално ќе започне во првиот квартал 2021 година.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV