СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Би платиле ли 120+ илјади евра за Nissan Leaf?

 

Ние сигурно не, ама некој мора да плати толку – така тврдат аналитичарите од Compare the Market кои ги споредија неговите цени ширум светот.

Според податоците што тие ги собраа од официјалните ценовници објавени на веб-страниците на Nissan, разликата во цените на Leaf е шест према еден.

Имено, електричниот хечбек е најевтин во Шпанија, каде благодарејќи на широкоградите државни субвенции чини 21.000 евра, а следи Малта со само 300 евра повеќе.

 

На спротивниот крај на листата се наоѓа Сингапур, каде заради комплицираната комбинација на високи давачки за Leaf треба да се платат неверојатни 122.271 евро.

Проверени се вкупно 53 пазари и врз основа на добиените податоци е пресметано дека просечната цена на Leaf во светот е околу 32.500 евра.

При обработката земени се предвид сите давачки и државни субвенции под услов да се доделуваат на секој купувач.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV