СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Би купиле ли електричен автомобил на старо?

 

Сите производители на возила се колнат дека иднината дефинитивно ќе биде електрична, но што е со оние кои немаат пари за нов автомобил?

Од телефоните што ги користиме добро ни е познато дека батериите со текот на времето држат сé помалку струја и бараат сé почесто полнење.

Британците, истражувајќи ја идејата за купување половен автомобил на струја, испитале колку десетина години стар Nissan Leaf може да помине.

Овој модел е земен од проста причина што тогаш немаше којзнае каков избор на електрични возила и практично е најчест во огласите за продажба, по цена од околу 4.000 фунти.

А нивните резултати се поразувачки и се движат нешто над 80 километри, и тоа во услови на релативно топло амбиентално време – назима бројката би била помала.

За споредба, треба да се знае дека Leaf стар десет години кога бил нов имал декларирана автономија од 166 километри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV