Дури ни во станицата за технички преглед не верувале – ова бугарско комби е рекордер по неисправности
Полицијата има право да исклучи некое возило од сообраќај доколку процени дека не ги задоволува прописите и технички е неисправно.
Токму тоа се има случено со ова комби од марката Fiat, кое една патрола го запрела на влезот во градот Лиденшајд во германската сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија.
Прво што полицајците забележале било силната кородираност на возилото – од ‘рѓа дури отпаѓале и парчиња од каросеријата.
Место стакла некои прозорци биле облепени со проѕирна фолија, а задната врата ја држела само затегната гумена лента.
При притискање на управувачот се слушале силни звуци на крцкање, а рачната сопирачка не била доволно ефикасна. После овие сознанија полицајците го однеле возилото на технички преглед, каде дури и искусниот испитувач и неговите колеги останале без зборови.
На каросеријата и подот се откриени дупки со големина на тупаница, а за време на спроведениот тест на цврстина познат како тест на чеканот, од страничните прагови истекле околу 2 литра вода.
Голем степен на корозија е забележан и при прегледот на подвозјето, а сопирачките имале минимум функционалност.
Сé на сé, пронашле рекордни 64 недостатоци! Заради тоа возилото регистрирано во Бугарија е прогласено за небезбедно и му се одземени сообраќајната дозвола и табличките.
Бидејќи законодавецот во Германија не ни можел да замисли, а камо ли да предвиди ваков степен на неодговорност, сопственикот и возачот кои живееле во блискиот град Алтена ги очекуваат казни од само 300 до 500 евра, плус по некој негативен поен во возачката дозвола.
Се прашуваме, како ли би поминало комбито со кумановските таблички од последната слика?!