СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Автомобил на годината во Европа: Познати финалистите

 

Жирито за избор на автомобил на годината во Европа ги објави финалистите кои ќе се натпреваруваат за титулата за 2021 година.

Според правилата, од сите новитети понудени на европскиот пазар што ги исполнуваат условите кои годинава ги имаше 29, беа избрани седум. Тоа се:

  • Citroen C4
  • Cupra Formentor
  • Fiat 500e
  • Land Rover Defender
  • Škoda Octavia
  • Toyota Yaris
  • Volkswagen ID.3

Победникот на изборот кој традиционално се прогласуваше ден пред отворањето на салонот на автомобилите во Женева, годинава ќе биде објавен на 1 март.

Жирито кое се состои од 60 новинари од 23 европски земји лани за автомобил на 2020 година во Европа го прогласи Peugeot 208.

Овој избор за прв пат е организиран во 1964 година, кога победи Rover 2000.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV