СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Автомобилски клучеви кои се поскапи од автомобил [видео]

 

Во денешно време за секого има по нешто, па така и за оние кои заради своја желба или некоја друга причина сакаат да се издвојуваат од другите.

Најлесниот начин за тоа ако се има многу пари, ако зборуваме за автомобилите, е да се купи нешто ексклузивно и екстравагантно – тоа секогаш успева.

Но само до оној момент кога ќе се седне со пријателите на иста маса – тогаш станува безначајно и небитно кој со што дошол до заедничкото место на средба.

Некои од нас ги паметат моментите пред години кога Ford Fiesta и Aston Martin, или пак Chevrolet Spark и Camaro имаа исти клучеви.

Какви реакции на фрустрации и потценување тоа може да предизвика на заедничката маса на која со пријателите седи мешано друштво од различни класи, не треба да споменуваме.

За да не мора да биде така се погрижи финската компанија Awain која е специјализирана за истакнување на деталите по кои некој се разликува од другите.

Во конкретниот случај зборуваме за клучевите за автомобили, кои ставени на иста маса еден до друг треба јасно да покажат кој вози Fiesta или Spark, а кој некое прескапо платено чудо.

Затоа и нивните производи не се поврзани со нешто конкретно, иако тимот составен од најпрецизните мајстори бира со што ќе се зафати за работа.

Во моментов нудат решенија за многу брендови, најмногу за луксузните, бидејќи најевтиниот комплет клучеви го продаваат за 49.000 евра.

Облагороден со 18 или 24 каратно злато и стотици дијаманти (тие велат најмалку 354), тој во целост ја оправдува цената што ја има.

Наредниот модел клучеви на себе има 1.250 дијаманти и чини 89.000 евра, а сé понатаму во понудата останува тајна која ќе ја дознае само тој што ќе плати.

Се споменува дека спиралата цени се искачува до половина милион евра, но во тоа не веруваме – ако некој запне сигурно ќе добие и „посоодветна” понуда за својот миленик на четири тркала.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно