СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

„Автомобилност“ на состанок со министерот Оливер Спасовски

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со претставниците на невладината организација „Автомобилност“, Агрон Сулејман и Горан Антевски, на која се разговараше за начинот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

„Автомобилност“ е организација во чија мисија една од целите е подобрување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата. МВР е партнер со кој во иднина треба да се соработува сериозно на подобрување на сообраќајната култура и безбедноста.

„Автомобилност“ работи на едукација на луѓето за сообраќајот, безбедност, правилата и прописите, развивање на свеста за користење на чисти технологии, едукација околу еколошките начини на транспорт и нивното влијание врз животната средина.

Дел од „Автомобилност“ е и www.autoinfo.mk како партнер кој треба да придонесе за зголемување на сообраќајната свест кај учесници во сообраќајот, намалувањето на незгодите и прекршоците и подобрување на сообраќајната инфраструктура.

Според податоците, 2020 година е година со најмал број на жртви во сообраќајните незгоди, но МВР продолжува со мерки и активности за оваа бројка и натаму да се намалува и во 2021 година, а предлозите и идеите од невладините организации во оваа насока секогаш се добредојдени – истакна министерот Спасовски.

Соговорниците го истакнаа видливиот ангажман на сообраќајната полиција на терен, што е многу значајно за реализација на еден од клучните приоритети на МВР и во оваа година- намалување на бројот на сообраќајни незгоди и на жртви во незгодите, а се разговараше и за другите начини како да се подобри безбедноста на патиштата.

Се надеваме дека е ова почеток на една долгорочна соработка која ќе може да придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, но и на многу други полиња на меѓусебна соработка.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг