Кинезите започнаа војна и на полето на хибридите. Со едно полнење седаните во кои се вградува новиот палгин хибрид може да поминат до 2.000 км.
![](https://autoinfo.mk/wp-content/uploads/2024/05/BYD-Seal-06-300x169.jpg)
Веќе сите се запознаени со врвната технологија со која располага BYD на полето на електричните возила.
И производство на батерии, како и целокупниот електронски менаџмент потребен за нив.
Како тоа да не им е доволно, па сега кинезите се докажуваа и на полето на приклучните (plug-in) хибриди.
Целта е транзицискиот период да се помине со што поголемо пазарно учество. Директниот напад е усмерен кон староседелците од Toyota, но и кон придојдените од Volkswagen.
Надградената технологија, која има за цел да ја зголеми разликата помеѓу BYD и неговите технолошки ривали, веднаш ќе биде лансирана во два седани кои чинат под 100.000 јуани (13.800 долари), истакнаа првите луѓе на производителот при претставувањето.
![](https://autoinfo.mk/wp-content/uploads/2024/05/BYD-QIn-L-300x169.jpg)
BYD официјално ги лансираше хибридните седани Qin L и Seal 06, со нивната петта генерација Dual Mode (DM) технологија, во Ксиан, Кина.
Овие хибриди од следната генерација ветуваат значително помала потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, продолжувајќи ја посветеноста на BYD за иновативни возила со нова енергија (NEV).
Qin L DM-i, дел од серијата на BYD, прикажува неверојатен дизајн со напредни карактеристики и луксузен ентериер инспириран од кинески пејзажни слики.
Со цени кои се движат од 99.800 до 139.800 јуани, тој нуди спој на традиција и модерност.
Seal 06 DM-i, исто така, дебитира со најновиот хибриден систем DM, кој може да се пофали со економичноста на гориво од 2,94 l/100 km (според NEDC) и импресивен радиус на движење само на електричен погон.
Двата модели имаат менаџирање со енергијата управувано од вештачка интелигенција, што ги прави многу ефикасни и еколошки.
Претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, им ги предаде клучевите на првите сопственици на големиот настан за лансирање, одбележувајќи го почетокот на новата ера во хибридната технологија.