СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Редизајнираната Corsa гледа кон иднината

 

Нов визуелен впечаток, два нивоа на опрема и бензински мотори од 75 и 100 КС, се дел од стратегијата за „детоксикација“.

Родена во 1982 година, Corsa – опеловиот бестселер од Б-сегментот веќе е продаден во над 14 милиони примероци.

Убави се тоа бројки кои јасно ја покажуваат наклонетоста на купувачите кон германскиот продукт.

Иако Opel претходно беше дел од американскиот гигант GM, a aктуелната генерација носи заеднички корпорациски склопови од Stellantis групата, сепак германскиот инженеринг е видно истакнат.

Со редизајнот е опфатена визуелизацијата, но отсутноста на дизелските мотори во понудата е момент кој силно ја истакнува определбата кон чистите технологии.

Замената на нафташите доаѓа во вид на милдхибридна комбинација. Докажаниот трицилиндерски мотор од 1,2 литри со 100 и 130 КС се комбинира со генератор-мотор склоп сместен во менувачката кутија.

Технологијата со 48 волтен напон се користи при стартување на моторот и помага до брзина од 30 км/ч.

На прв поглед скромната електрификација, способна е за намалување на потрошувачката за еден литар. А тоа не е баш бесзначајно!

За лубителите на чистиот електричен погон на располагање е сеуште познатата комбинација од литиум-јонска батерија од 50 kWh и електромотор од 136 КС.

Според новите мерења (WLTP) електричната верзија има автономија од 375 километри. На домашен трофазен полнач од 11 kW, потребни му се нешто преку 5 часа за целосно полнење на батеријата.

А што ни се сугерира преку терминот, детоксикација. Наједноставно кажано тоа е пристап за ослободување од сите елементи кои неотребно го оптеретуваат излегедот или функционирањето на прекинувачите.

Да, мора притоа да се истакне и предната „визир“ маска која како и кај останатите модели на Opel, асоцира на визирот на кацигите кои ги носат мотоциклистите и спортските авто натпреварувачи. Со тоа сега е заокружен визуелниот идентитет на целата гама на Opel.

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг