СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Преставен Civic Si [видео]

 

Кај нас во Европа непозната, спортската Si изведба на Honda Civic во Северна Америка ужива големо почитување.

Според усталениот ред на нештата, после седанот и хечбекот но пред Type R, Honda ја претстави Si изведбата на новиот Civic.

Спортскиот дух го има истакнато со стандардните ЛЕД предни и задни светла, изменетите браници, црната саќеста маска, предниот и задниот спојлер и праговите.

Црни се и ретровизорите и тркалата од 18 инча, назад има две хромирани издувни цевки, а во ентериерот двобојни седишта, кожен волан и алуминиумски педали.

Тука се и 7-инчните дигитални инструменти, 9-инчниот централен екран, Bose аудио системот со 12 звучници и повисоко ниво на безбедност со Honda Sensing активната технологија.

За поголемо задоволство во возењето ќе се грижат модификуваното ослонување, унапреденото управување, LSD диференцијалот и спортскиот сопирачки систем.

Турбо бензинскиот мотор од 1,5 литри е навиен на 200 KS и 260 Nm и е во спрега со 6-степен мануелен менувач.

Во продажба ќе се најде пред крајот на годинава, како што напоменавме, само во Северна Америка.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот