СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Објавена листата на финалисти од Изборот за aвтомобил на годината во Македонија за 2020

Националното стручно жири за Избор на автомобил на годината ја објави листата на финалисти помеѓу кои ќе се бара кандидадот за најпрестижната автомобилска титула во нашата држава.

 

По 25. пат во Македонија се бира автомобилот кој, според мислење на стручното жири, заслужува да ја понесе титулата „Автомобил на годината во македонија“.

Секоја календарска година на нашиот пазар пристигнуваат помеѓу 30 и 40 нови модели на автомобили.

Тие, секој во својот сегмент, се борат за оставање што подобар впечаток кој потоа би се изразил преку конкретни продажни резултати.

Во таа беспоштедна технолошка борба, производителите се трудат да внесат голема инвентивност како би оставиле што посилен впечаток.

Токму поради тој динамичеј развој и зголемена моделска продукција, работата на Стручното жири од година во година станува сé покомплексна.

При такви услови, Националното жири за Избор на автомобил на годината, кој патем речено годинава слави 25 години од формирањето, ја објави листа на финалисти.

Во завршната фаза од Изборот влегоа следниве модели:

            – BMW 1

          – Kia XCeed

          – Mazda 3

          – Opel Corsa

          – SsangYong Korando

          – Toyota RAV 4

 

На прв поглед друштвото на најдобрите го сочинуваат модели од различни категории и класи, но познавајќи ги критериумите според кои работи Жирито, сите тие ќе бидат оценувани во рамки на припаѓачката категорија.

Според утврдената динамика, а по детално запознавање со сите модели, националното стручно жири најуспешните ќе ги прогласи кон средината на наредниот месец.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „SUV автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг