СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Најавена новата Opel Astra

 

Opel објави неколку фотографии кои откриваат поединечни детали за новата Astra

Идната Opel Astra L ќе биде близок роднина на новиот Peugeot 308 и ќе ја користи истата EMP2 платформа.

Секако, изгледот ќе биде целосно поинаков, направен по углед на поновите модели на марката со користење на Opel Vizor дизајнот на предниот дел.

Внатрешноста ќе биде помодерна и попространа , а кому му е потребно уште повеќе место, во гамата ќе ја најде и  караванската, Sports Tourer верзија.

Покрај стандардните, во план се и две плаг-ин хибридни верзии со електрична автономија од околу 50 километри, а за чисто електричен погон засега се молчи.

Официјалната премиера на Astra L се очекува во втората половина од годинава, а ќе се произведува во Риселсхајм.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот