СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

И Renault експериментира со водородот

 

Во јули најавени, првите резултати на новата компанија HYVIA која делува под покровителство на Renault, веќе се готови.

Заеднички со светскиот лидер за водородни решенија, американската компанија Plug Power, Renault ќе го понуди Master Van H-Tech.

За негова основа е избрано големото доставно возило со капацитет на товарниот простор од 12 m³, кое има автономија од 500 километри.

Ќе ги исполнува потребите на малите бизниси, големите флотни купувачи и секој што има потреба од транспорт, за во продажба ќе се најде идната година.

Master Van H₂-Tech е опремен со горивни ќелии со моќност од 30 kW, батерии со капацитет од 33 kWh и четири резервоари од по 1,5 kg водород.

За нивно полнење ќе бидат потребни само пет минути, а самиот процес на полнење во основа не се разликува од возилата со мотори на фосилни горива.

Иако технологијата е американска, Renault преку HYVIA порачува дека возилото и сите компоненти ќе бидат произведени во Франција.

За иднина се најавени уште три верзии на Master H₂-Tech – шасија со кабина, поголемо комби од 19 m³ и градски минибус за превоз на 15 патници.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV