СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Peugeot на европскиот пазар ќе нуди само електрични автомобили

Peugeot се приклучи на автомобилските производители кои повеќе нема да нудат возила со мотори со внатрешно согорување.

Според изјавата на првата дама на Peugeot Линда Џексон, во Европа од 2030-та година ќе се продаваат само електрични автомобили.

Но на другите пазари возилата задвижувани со мотори со внатрешно согорување ќе се испорачуваат и во наредната деценија.

Peugeot на купувачите во Европа веќе им ги нуди електричните верзии на 208, 2008 и другите модели базирани на нивната платформа.

Моментално се работи на електрификацијата на новиот 308, кој во ова издание на пазарот ќе се појави во 2023 година, следен и од 3008.

Добар дел и од другите марки од групата Stellantis веќе најавија преминување кон целосна електрификација – DS, Alfa Romeo, Lancia, Abarth, Opel

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од EV