СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Заборавениот спортист од Сант‘Агата Болоњезе [фото галерија]

Настанат по желба на Феручо Ламборгини за проширување на гамата со модел кој ќе биде достапен за поширока клиентела, Lamborghini Urraco го прослави 50-тиот роденден.

Само неколку години по своето основање Lamborghini веќе беше признат производител на спортски возила кои сериозно му конкурираше на Ferrari, што впрочем и беше желбата на неговиот основач Феручо Ламборгини.

Но нему многу му пречеше тоа што губеше од својот конкурент кај помалите модели, каков што беше Dino, кој патем кажано никогаш не ги носеше ознаките на Ferrari.

Така се роди Urraco, кој како единствен модел на марката со V8 мотор беше наменет за поширока, но сепак сé уште повластена клиентела.

Беше претставен во 1970-тата на салонот на автомобилите во Торино, со најава дека ќе започне да се произведува две години подоцна.

Дизајнот како и за Miura беше доверен на големиот Марчело Гандини, тогаш главен во прочуеното студио Bertone, кој го замисли како спортист со клинест облик и чисти линии.

На почетокот имаше 2,5 литарски мотор со по една брегаста оска во секоја глава и четири карбуратори, кој произведуваше доволни 220 KS.

Со придонес на главниот инженер Паоло Станцани се истакнуваше со технички решенија кои во тоа време беа доста иновативни.

Благодарение на неговата вештина беше добиено 2+2 купе со централно поставен агрегат и независно мекферсон ослонување напред и назад, што за прв пат се среќаваше на еден сериски автомобил.

Заради високите давачки во Италија во 1974 година Urraco доби дволитарски исто V8 мотор со 184 коњски сили кој беше наменет само за домашниот пазар, а на крајот и трилитарски агрегат со 265 KS.

Се произведуваше до 1979 година до кога беа направени вкупно 791 примерок, а неговата техничка основа беше искористена за Silhouette и Jalpa.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот