СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Електричниот Wuling Hong Guang Mini EV хит во Кина

 

Беше претставен пред скоро цела година, но тогаш не го заинтересира светот, ниту пак летото кога Кинезите објавија дека примиле 50.000 нарачки за него.

Но сега откако беа објавени податоците за продажбата на електричните возила во Кина според кои во јануари се продадени 25.778 примероци од него што е повеќе од двојно од Tesla Model 3, го освои вниманието на сите.

Како и не би, кога цената на ова 2,9 метри долго автомобилче со четири седишта се движи меѓу 4.500 и 6.000 долари во зависност од варијантата.

За тие пари купувачите добиваат електромотор со 18 KS и батерии од 13,8 kWh со кои Wuling Hong Guang Mini EV може да помине до 170 km.

Големиот успех во Кина предизвика гласини дека General Motors и SAIC ги проценуваат можностите за негов интернационален настап, што е сосема веројатно во верзија со две седишта бидејќи сегашната воопшто нема багажник.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот