СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Врачена наградите од изборот за Автомобил на годината во Македонија 2020 и признанието SUV на годината

 

Поради познатата сосотојба со пандемијата, наместо како во минатите 25 години во март, свеченоста на доделување на наградите и признанијата за Автомобил на годината во Македонија, се одржа минатиот петок.

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ja врачи најпрестижната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата.

Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација со пандемијата планираното свечено доделување беше одложено. Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците.

На победникот Opel Corsa и беше врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година, а признанието SUV на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4.

„Во специфични услови за сите нас го заокружуваме овој 25-ти Национален избор на Автомобил на годината во Македонија. Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива а наградите што ги доделува примамливи за секој производител.

Заедно со импортерите на возила го подигнавме изборот на повисоко ниво и со транспарентни правила и критериуми ја продолжуваме традицијата почната уште од 1995 година.

Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.

„Благодарни сме за ова, за нас многу важно признание, кое годинава и припадна на новата Opel Corsa.  Изборот на Автомобил на годината во Македонија е награда која нам исклучително многу ни значи, особено во ова време на неизвесност, кога сите на некој начин се одвикнавме од убави работи.

Со најразличните награди и признанија кои таа ги доби, шестата генерација на Opel Corsa докажа дека е вистински автомобил за секого и уште еднаш покажа зошто е бестселер на брендот Opel уште од далечната 1982 година.

Во новата Corsa, сега Opel нуди технологии и системи за асистенција кои на купувачите вообичаено им се познати од повисоките класи на возила. Очигледно дека членовите на жиријата ширум светот тоа добро го препознале.

Ја користам можноста уште еднаш да ви се заблагодарам што и вие направивте ваков избор“, вели Александар Мешков, регионалниот претставника на Opel за Македонија, Албанија и Косово.

 

Признанието за SUV на годината годинава го доби моделот Toyota RAV4.

Toyota Авто Центар како генерален застапник за Toyota во нашата земја изразува голема благодарност до националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија.

Стручното жири ги препозна и ги потврди квалитетите на петтата генерација на RAV4 преку доделување на наградата “SUV на годината”.

Оваа награда ќе биде уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја.

Но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а се уште не ја донеле својата одлука на избор, вели Ана Трајковска, маркетинг менаџерот на Тојота Ауто Центар.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг