СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Брз одговор на брзинскиот рекорд

Bugatti најавува нешто ново, ама што ли ќе да е?!

Најавите започнаа веднаш откако SSC Tuatara му ја зеде титулата за најбрз автомобил во светот.

Прво беше објавена фотографијата десно, на која се гледаат LED-светла во облик на буквата X, од која не може да се заклучи која ќе биде новоста.

Но потоа следеше втората, уводна фотографија на која е испишано 0,67 со прашањето „Што ако…

Ако и имаше некои претпоставки, после неа сé стана позамрсено.

Кој знае, Bugatti можеби ќе ни даде уште една непозната во оваа равенка, но и со неа тешко дека ќе ја решиме.

Затоа ќе почекаме до 28 октомври, за кога е најавено симнувањето на велот на тајноста од мистеријата на Bugatti.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо